Немања Недовиќ и Василис Кавадас ги предводеа Панатинаикос до 79:73 победа над Црвеа звезда во 27. коло од Евролигата во драматичен финиш.
Недовиќ беше најдобар стрелец со 25 поени и 5 асистенции, Кавадас додаде 17 поени, вклучувајќи ги и клучните поени на 32 секунди за ПАО да стигне до 4 поени предност. Никола Калиниќ се обиде да ги врати во игра со поени, но Недовиќ пак беше прецизен на 23 секунди за победа. ПАО го подобри скорот на 7-17, додека Звезда, за кои Арон вајт имаше 14 поени и 12 скока сега има 9-15.
Монако, пак, стигна до доминантна 92:78 победа над Фенербахче за да го добие „брејкот“ со турскиот клуб и да ја забележи осмата победа во последните 10 меча во Евролигата. Алфа Дијало имаше 26 поени за клучна победа која може да одлучува за место во плејофот.
ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
Монако – Фенербахче 92:78 (19:20, 36:13, 20:22, 17:23)
Панатинаикос – Црвена звезда 79:73 (17:23, 25:18, 17:18, 20:14)