Top Sport

Недовиќ по 10 години се враќа во Црвена звезда

Немања Недовиќ во новата сезона ќе го носи дресот на Црвена звезда. Српскиот репрезентативец по една деценија се враќа во клубот каде што ја започна сениорската кариера. Последните две сезони Недовиќ ги одигра во Панатинаикос.

Српските медиуми пишуваат дека Црвена звезда наскоро ќе го потврди трансферот. Нивните грчки колеги пишуваат дека Недовиќ ќе потпише тригодишен договор и дека годишно ќе заработува 1.100.000 евра.

Недовиќ дебитирше во сениорската кошарка во 2008 година, по четири години ја напушти Црвена звезда и се пресели во Лијетувос Ритас, во кариерата настапуваше и за Голден стејт Вориорс, НБДЛ тимот Санта Круз Вориорс, Валенсија, Уникаха и Армани и Панатинаикос.

Во претходната сезона, која беше разочарувачка за ПАО, Недовиќ имаше неколку импресивни партии, со просек од 14,3 поени и 3,2 асистенции во Евролигата.

Со репрезентацијата на Србија освои сребрен медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Scroll to Top