Top Sport

Нема крај на лошата серија, МЗТ загуби од Олимпија

Кошаркарите на МЗТ заблежаанов пораз во АБА лигата, кој за нив е четврти по ред, односно шести во осумте одиграни натпревари. Македонскиот првак во неделата загуби од Олимпија во Љубљана 94:85 (23:19, 20:23, 30:24, 21:19).

МЗТ во Љубљана како и на претходните натпревари играше лошо во одбрана и премногу осцилираше. По израмнетата игра во првиот период, во вториот МЗТ на домаќинот му дозволи серија 15:2 за четири и пол минути. По максималната предност за Олимпија (38:21), МЗТ го имаше најдобриот период во играта и до крајот на полувремето прими пет, а постигна 20 кошеви, односно успеа да се доближи на само поен негатива (43:42).

Олимпија ја одржуваше предноста во третиот период, а МЗТ целосно се врати во мечот кога со тројката на Павличевиќ израмни на 66:66. Сепак во последната минута со серија грешки играчите на македонскиот шампион му дозволија на противникот серија од шест поени, која Олимпија ја продолжи и на почетокот на последниот период.

Домаќинот успеа да ја врати двоцифрената разлика, МЗТ на две минути до крајот се доближи на три поени негатива (84:81), но не успеа да направи целосен пресврт.

Мавра беше најефикасен кај МЗТ со 21 поен, 14 поестигна Стојановски, а 13 Лалиќ. Олимпија ја предводеа Морган со 20 и Хроват со 16 поени.

Со овој пораз МЗТ остана закован за дното на табелата во АБА лигата, со две победи и шест порази. Во наредното коло, на 19 ноември, МЗТ ќе го пречека лидерот на табелата Будуќност.

Scroll to Top