Top Sport

Ненад Димитриевиќ ја урна големата Барселона

Кошаркарите на Валенсија брзо заборавија на неуспехот во натпреварите од „Копа Дел Реј“ , кога беа елиминирани во четвртфиналето. Сега остварија голема победа над Барселона (86:76), а фантастично издание имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Бекот на Валенсија стигна до одлични бројки за периодот од 27минути кои ги помина на теренот во „Фонтета“. Реализираше 17.поени (5/9 за два и 6/6 за еден поен), на кои придодаде и одлични седум асистенции и четири скока, за најголем индекс на корисност – 20, во победничката екипа.

По 20. коло во Ендеса лигата, сега Валенсија има ефект од 13 победи и 7 порази.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');