Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше блескав настап во дресот на Уникс Казан во „мајсторка“ од полуфиналната серија во ВТБ лигата против Зенит. Тој постигна 24 поени и беше предводник во триумфот на Уникс Казан од 80:79.
Димитријевиќ покрај 24 постигнати поени имаше и шест асистенции и два скока.
Уникс Казан во финалната серија од ВТБ лигата ќе ги одмери силите со Локомотив Кубан, кој вчера ја елиминираше ЦСКА Москва, тимот кој го предводи Емил Рајковиќ.