Top Sport

Ненад Димитријевиќ го водеше Уникс Казан до финалето во ВТБ лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше блескав настап во дресот на Уникс Казан во „мајсторка“ од полуфиналната серија во ВТБ лигата против Зенит. Тој постигна 24 поени и беше предводник во триумфот на Уникс Казан од 80:79.

Димитријевиќ покрај 24 постигнати поени имаше и шест асистенции и два скока.

Уникс Казан во финалната серија од ВТБ лигата ќе ги одмери силите со Локомотив Кубан, кој вчера ја елиминираше ЦСКА Москва, тимот кој го предводи Емил Рајковиќ.

Scroll to Top