Top Sport

Ненад Димитријевиќ со десет асистенции во триумфот на Уникс Казан

Уникс Казан ја победи МБА Москва со 73:58 во ВТБ лигата, а македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ во овој триумф учествуваше со седум поени. Тој многу повеќе ги разигруваше соиграчите и забележа десет асистенции и два скока.

Тимот на Уникс Казан го отвори мечот со серија од 18:8, а на полувремето имаше девет поени предност (34:25).

Дерил Мејкон со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим.

Scroll to Top