Почина Горан Собин, еден од членовите на легендарната генерација на Југопластика од Сплит. Хрватските медиуми објавија дека 59-годишниот Собин починал од срцев удар.
Собин кариерата ја започна во Југопластика. Во овој тим мина најголем дел од кариерата. Со Југопластика два пати бил европски првак. Во кариерата играл за Арис и Цибона, се пензионираше во 1996 година во дресот на Алкар.
По завршувањето на кариерата целосно се повлече од кошарката. Арената „Грипе“ во Сплит ја посетувал само за да ги гледа настапите на синот Јосип.