Кошаркарот на Бруклин нетс, Џереми Лин ќе го пропушти остатокот од НБА сезоната по операцијата на коленото, потврди НБА тимот.
Лин ја скина тетивата во своето десно колено при незгодниот пад во првиот меч на Нетс во средата, по што 29-годишниот кошаркар веднаш беше на операција во Њујорк. На Твитер, Лин постави фотографија од болницата.
„Благодарам на поддршката и љубовта“, напиша Лин.
Лин е првиот Американец со кинеско или тајванско потекло кој играл во НБА. Лин е роден во северна Калифорнија, а во 2012 година од анонимен кошаркар стана сензација со одлична сезона за својот поранешен тим, Њујорк никс. Потоа тој играше за Хјустон рокитс, Лос Анџелес лејкерс и Шарлот хорнетс, пред да потпише 36 милиони долари вреден тригодишен договор со Бруклин минатата сезона.
THANKS for all the love and support!! Blown away at everyones kindness. My hats too swaggy lol pic.twitter.com/F1moF9NSvm
— Jeremy Lin (@JLin7) October 20, 2017