Top Sport

„Ни самиот не знам како топката влезе низ обрачот“

Македонија со победа стартуваше во претквалификациите за пласман на Европското првенство во кошарка. Во Данска, со неверојатната тројка на Ненад Димитиријевиќ, Македонија славеше победа 73:70.

Играчот на Уникс Казан натпреварот го заврши со 29 поени. И покрај тоа што беше најефикасен истекнува дека победата е извојувана со напорна тимска работа.

„Секој даде свој придонес во оваа особено важна победа, која како што реков и порано, е особено значајна затоа што доаѓа на стартот на циклусот. Не знам како би го опишал последниот шут. Најважно е дека топката влезе низ обрачот. Како, не знам ни јас самиот. Се обидов, погодив, победивме, тоа останува. Одиме понатаму“, изјави Димитирјевиќ за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија.

Кошаркарите во второто коло ќе играат против Словачка во Скопје.

Scroll to Top