Top Sport

Никола Јокиќ: Сакам да бидам како Мајкл Џордан!

Српскиот кошаркарски интернационалец, Никола Јокиќ ја игра најдобрата НБА сезона во кариерата и е „прва виолина“ во составот на Денвер Нагетс.
По синоќешната нова победа на Денвер над тимот на Минесота, новинарите го прашаа Јокиќ како кој играч би сакал да биде.
Одговорот по кратко размислување е: „Мајкл Џордан“.

„Да, сакам да бидам како Мајкл Џордан, зошто да не. Сакам одма да бидам како Џордан. Ме прашавте и добивте одговор“ – им рекол Јокиќ на новинарите.

Во овие моменти се чини неверојатно е дека може Србинот да биде во рангот на Џордан, но сепак секој тренер сигурно сака своите играчи да се споредуваат со најдобрите кошаркари на сите времиња.

„Кога се наоѓате меѓу првите три екипи на табела, сите едвај чекаат да играат против вас, но јас не размислувам преногу за тоа“ – додава Јокиќ.

Тој сезонава просечно бележи по 20,4 поени на меч, со 10,7 скока и 7,6 асистенции поради што дел од познавачите на приликите во НБА сметаат дека има добри шанси да биде прогласен за МВП на регуларнио дел од сезоната.

Scroll to Top