Top Sport

Ѕвездата на Ајакс не крева на непознати: Не знаев дека селекторот ми ѕвони!

Откако холандски Ајакс изненадувачки во осминафиналето на ЛШ го елиминираше големиот Реал Мадрид, цената на играчите почна да расте. Одличните игри во дресот за клубот од Амстердам на младиот бразилски фудбалер, Давид Нерес (22) му донесоа повик во репрезентацијата.

Но фудбалерот кој оваа сезона иа 37 настапи даде 6 гола и 13 асистенции за малку ќе останел надвор од селекцијата на Кариоките поради недоразбирање.

Нему со денови му ѕвонел мобилниот, но младиот играч гледал дека е непознат број и не се јавувал на повикот.

„Мобилниот ми ѕвонеше неколку пати, но не се јавував затоа што бројот ми беше непознат. Потоа, кога разбрав дека бројот е на селекторот Тите, веднаш го побарав“ – раскажа Нерес.

Младиот Бразилец оваа зима беше на чекор да замине во Кина, но одлучи да остане во Амстердам.

„Оваа недела беше неверојатна, најголемата во мојата кариера. Да отидев во Кина, повикот никогаш немаше да дојде. Пресреќен сум, сите ние сонуваме да играме за Бразил“ – вели младиот фудбалер.

Scroll to Top