Крилото на Торонто, Серж Ибака заработи казна од три натпревари заради инцидентот со Маркез Крис од Кливленд. Тие двајцата разменија удари по еден судир на мечот меѓу двете екипи пред неколку дена.

Крис кој не ја иницираше тепачката ќе пропушти само еден натпревар за својот тим, но санкцијата на Ибака е поголема, ќе се „лади“ на 3 натпревари затоа што тој правел проблеми и во минатота.

Минатата сезона Ибака двапати беше дел од инциденти со противнички кошаркари.

Ибака нема да биде дел од Торонто на пресметките со Лос Анџелес Лејкерс, Детроит Пистонс и Њујорк Никс, додека Крис ќе ја пропушти само средбата кај Орландо Меџик.