Top Sport

Што сè направи Кристијано Роналдо против Германија?

Актуелниот европски шампион, Португалија загуби со 4:2 од Германија во вчерашниот меч, кој многумина уште сега го прогласија за најдобриот на ЕУРО 2020, и во кој неизбежниот Кристијано Роналдо имаше еден многу чуден меч.

Тој беше очигледно лут по крајот на мечот, во кој постигна еден гол и асистираше на уште еден за Диого Жота, но тоа не беше доволно да се спречи мотивираната Германија на „Алијанц арената“, со што се искомпликува ситуацијата во групата Ф.

Иако има 36 години, тој имаше еден фантастичен спринт на должината на цел терен за да го постигне првиот меч во 15. минута од мечот, со што дојде на само два од рекордот на Али Даеи од 109 гола за репрезентацијата, но тоа беше само почеток. Германците дадоа четири гола за 25 минути, пред Роналдо да му додаде на Жота на 20 минути пред крајот за да се заддржи надежта.

Тука секако беше и „магичниот“ момент, кога го збудале Антонио Ридигер со овој безвременски потег.

Но, и тој имаше свои слаби моменти. Како слободниот удар во второто полувреме, кој ја продолжи лошата низа од само еден гол во 50 слободни удари на СП и ЕП, како и овој момент во финишот кога се „сопна“ самиот во обид да издрибла.

Исто така, тоа што Робин Госенс, неговиот ривал од Серија А, беше прогласен за човек на натпреварот, откако призна дека Роналдо одбил да го смени дресот со него во меч од италијанскиот фудбал, беше дополнителен удар.

Како и да е, на Португалците и Роналдо им останува мечот со Франција, каде што секако ќе биде „забавно“.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top