Top Sport

Њујорк Никс подготвуваат трејд, Кемба Вокер за Џон Вол

Кемба Вокер по само неколку месеци ќе ги напушти Њујорк Никс. Четирикратниот Ол стар, ќе биде разменет во некој друг клуб.

Вокер, минатото лето од Бостон пристигна во франшизата од родниот град. Потопиша договор вреден 20 милиони долари.

Плејмејкерот лошо ја започна сезоната, осана без место во стартната петорка, а на последните натпревари го нема во ротацијата кај тренерот Том Тибодо.

Американските медиуми шпекулираат дека е можен трејд на релација Никс-Хјустон. Вокер бисе преселил во Тексас, а во Њујорк би прстигнал Џон Вол кој речиси две години е повреден.

Scroll to Top