Top Sport

Ги победуваше и Надал и Ѓоковиќ, а негов фаворит е Федерер!

Поранешниот чилеански тенисер Фернандо Гонзалез кој во кариерата освои 11 АТП тениски титули и стигна до 5. Позиција меѓу светските тенисери одговори на стандардното прашање – кој е најголемиот тенисер на сите времиња.

Гонзалез има играно и против Роџер Федерер, и против Рафаел Надал, но и против Новак Ѓоковиќ.

Швајцарецот го победил еднаш во 13 меча, против Надал триумфирал трипати во 10 меча, а против српскиот ас одиграл 3 натпревари со позитивен скор, две победи и еден пораз.

„Пред 10 години беше неверојатно да се замисли дека некој ќе освои 10 грен слем титули, а сега имаме тројца со по 20 – тоа е чудесно. Што се однесува до бројките, уверен сум дека Новак ќе има најмногу грен слемови, но за мене постои друга статистика за тоа кој е најголемиот. Мислам дека не може да се каже овој играч има најмногу титули и тој е најдобриот. Може да го одберете својот фаворит според неговите игри, мојот е Федерер. За мене најголема класа имаат неговиот еднорачен бекхенд, сервисот и волејот. Новак, пак, изгледа како да не може да промаши топче, а Рафа трча на сите страни иако има болки во целото тело. Тешко е да се рече кој е најголемиот“ смета Гонзалез.

Scroll to Top