Кошаркарите на ЛА Лејкерс, во Атланта, го забележаа четвртиот пораз на последните пет натпревари. Овој пораз ги оддалечува Лејкерс од местата што водат во разигрувањето, тие сега имаат три победи помалку од Сакраменто Кингс, кои се осми на Зпадот.
Атланта серијата од три порази на домашен терен ја прекинаа против ЛА Лејкерс. Хокс славеа 117:113, благодарение на Тре Јанг (22 поени, 6 скока, 14 асистенции). На спротивната страна Леброн Џејмс забележа трипл-дабл од 28 поени, 11 скока и 16 асистенции.
Сан Антонио Спарс, во Тенеси, минимално ги победија Мемфис Гризлис 108:107. Трагичар на мечот беше Џарен Џексон јуниор кој во последната секунда не успеа да го погоди второто слободно фрлање, па резултатот останата 108:107.
Ламаркус Олдриџ и Пети Милс постигнаа по 22 поени за Спарс, додека Гризлис ги предводеше Ајвери Бредли со 33 поени, а Јонас Валанчунас забележа 23 поени и 10 скока.
Голден стејт Вориорс, во последната четвртина против Јута постигнаа 40 поени со кои го скршија отпорот на противникот. Вориорс победија 115:108.
Кевин Дурент постигна 25, Стеф Кари 24, а Клеј Томпсон 22 поени. Најефикасен кај Јута беше Донован Мичел со 25 поени.
Бостон Селтикс, без Кајри Ирвинг, победија во Филалделфија 112.109. Двата тима сега имаат идентичен скор од 36 победи и 21 порази.
Гордон Хејворд реализираше 26 поени, Ал Хорфорд постигна 23, а Џејсон Тејтум запиша 20 поени и 10 скока.