Далас Маверикс и Мемфис Грилис направија големи пресврти и забележаа победи во дуелите со Сан Антонио Спарс, односно Голден стејт Вориорс.
Далас во соочувањето со ривалите од Тексас, се вратија по негативата од 20 поени и славеа победа 104:99. Лука Дончиќ го предводеше тимот со 25 поени, Брансон уфрли 19. Кај Сан Антониот се истакна Мареј со 23 поени и 10 скокови.
Вориорс не успеаја да ја сочуваат предноста од 17 поени против Мемфис. Стеф Кари промаши тројка за победа, а потоа Мемфис во дополнителните пет минути победија 104:101. Ова е прв пораз за Вориорс од почетокот на сезоната.
Стеф Кари натпреварот го заврши со 36 поени, 7 скока и 8 асистенции. Во моментов најдобриот стрелец во лигата, Џа Морент, се истакна кај Мемфис со 30 поени, 7 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки.
Првиот пораз во сезоната го запишаа и Чикаго Булс. Њујорк Никс во неизвесен натпревар славеа со 104:103. Кемба Вокер со 21 и Еј-Џеј Берет со 20 поени беа најефикасни во редовите на Њујорк. Чикаго го предводеа Зек Лавин со 25 и Никола Вучевиќ со 22 поени.