Top Sport

Нов блесок на Лука Дончиќ, нова победа на Далас

Лука Дончиќ продолжи со одлични партии во дресот на Далас. Во дербито на Тексас, Маверикс го совладаа Хјустон Рокетс со 129:114 и стигнаа до петтиот последовен триумф, а словенечкиот кошаркар имаше уште еден трипл-дабл.

Само два дена по средбата со Њујорк на која оствари трипл-дабл од 60 поени, Дончиќ имаше уште една ноќ за паметење, овојпат запиша 35 поени, со 12 скока и 13 асистенции за 34 минути.

Отсуствуваше речиси цела последна четвртина, па му беше ускратен уште поубедлив ефект, бидејќи Џејсон Кид реши да го одмори. Дончиќ до трипл-дабл стигна на 5,37 пред крајот на третата четвртина, што јасно покажува како играше.

Во победничкиот тим Кристијан Вуд додаде 21, а Тим Хардавеј Џуниор 18 поени, додека Спенсер Динвиди постигна 15 поени.

Кај Хјустон Рокетс најефикасна беше Џејлин Грин со 23 поени, додека Кевин Портер додаде 17, а Џабари Смит 16.

Бостон Селтикс го совладаа тимот на Лос Анџелез Клиперс со 116:110. Џелен Браун и Џејсон Тејтум постигнаа по 29 поени во победничкиот тим.

Резултати: Шарлот – Оклахома 121:113, Индијана – Кливленд 135:126, Бостон – ЛА Клиперс 116:110, Торонто – Мемфис 106:119, Сан Антонио – Њујорк 122:115, Далас – Хјустон 129:114.

Scroll to Top