Top Sport

Жоао Феликс и Алваро Мората го откажаа Елче

Атлетико Мадрид го победи Елче со 2:0 и дојде до осмиот триумф оваа сезона во Ла Лига.

Елче остана со фудбалер помалку во 45.минута по исклучувањето на Верду, но и Атлетико играше со десетмина од 53.минута кога втор жолт картон доби Хермосо.

Сепак, тоа не му пречеше на Жоао Феликс на асистенција на Гризман да го отвори резултатот во 56.минута. Триумфот го завери Алваро Мората со одличен потег и погодок во 74.минута од дуелот.

Елче го заврши натпреварот со девет фудбалери откако два жолти картони доби и Доминос Куина.

Scroll to Top