„Јадам сладолед скоро секој ден. Пробував некои одела и веќе не ме собираат. Најверојатно се здебелив 7 килограми.
Искрено, немам вежбано ниту еднаш по последниот натпревар“ рече легендарниот НБА играч, Германецот Дирк Новицки (40).
Кошаркарот сезонава објави крај на кариерата по 21 сезона во НБА лигата. Низ годините Новицки стана легенда на Далас Маверикс, а еднаш стигна и до шампионскиот прстен.
Во интервју за радио „The Fan“ Германецот откри што се се променило во неговиот живот сега кога нема напорни тренинзи и натпревари. Тој со еден збор ја опиша целата ситуација: „Олеснување“.