Голем број на читатели на „Марка“ веруваат дека тим составен од играчи од просторите на поранешна Југославија би бил подобар од репрезентацијата на САД.
На прашањето 63 отсто од учесниците во анкетата одговориле „Да“.
Во тимот има седум кошаркари од Србија, по двајца од Хрватска и Словенија и еден од Црна Гора.
Плејмејкери се Горан Драгиќ, Василије Мициќ и Милош Теодосиќ, бекови Бојан и Богдан Богдановиќ заедно со Лука Дончиќ, а од високите играчи ги одбрал Дарио Шариќ, Немања Бјелица, Бобан Марјановиќ, Никола Милутинов, Бојан Дубљевиќ и Никола Јокиќ.
По повод овој избор се огласи репрезентативецот на Босна и Херцеговина Јусуф Нуркиќ. Играчот на Портланд е добар пријател со Џрногорецот Никола Вучевиќ, тој му испратил порака во која напишал.
„Брат јасно ми е зошто мене не ме ставија, но што имаат против тебе?“.