НБА кошаркарот на Портланд – Јусуф Нуркиќ се обидува да и помогне на татковината (БиХ) кога се работи за набавка за вакцини против Ковид 19.
Тој сакал да купи вакцини за цела БиХ, но Американците не му дозволиле.
Нуркиќ поради пандемијата на коронавирусот загубил неколку членови на семејството, па тој на најтешкиот начин разбрал колку е вакцинирањето потребно за пребродување на пандемијата.
Во Босна досега има над 200.000 заболени и околу 10.000 починати од опасниот вирус. Во земјата, според податоците, досега се вакцинирани помалку од 10% од жителите.
„Нема доволно вакцини за сите, примија само неколку донации. Јас бев подготвен за набавка на количина за сите во мојата земја, изграден беше и финансискиот план, како и логистиката. За жал, ништо од тоа. Дури и да пронајдам потенцијален продавач, изгледа дека американските закони не дозволуваат продажба на вакцини надвор од границите на земјата се додека не се вакцинираат сите Американци. Не знам што да направам, се се обидов“ изјавил разочараниот кошаркар.
Во помалку развиените земји ситуацијата со вакцини е компликувана.
„Што е најлошо од се, не сакам ниту да се присетам колку вакцини во САД се фрлаат или остануваат неискористени, и тие дози со задоволство би ги откупил. Целиот свет пати, а овде некои дури и одбиваат да се вакцинираат. Тоа навистина ме растажува. Мислам дека потфрливме како луѓе, сите земји треба да имаат еднаква достапност до вакцините“ смета Нуркиќ.
They say that nobody is safe until everybody is safe ?
Kudos to Jusuf Nurkic for this noble initiative ? pic.twitter.com/P6ejRrLOdc
— Blazers Nation (@BlazersNationCP) July 15, 2021