Вчера, Партизан ја декласираше Црвена звезда со 112:84 во четвртиот меч од финалето на АБА-лигата, во уште еден меч одбележан со контроверзи, во кој повторно својот авторитет го покажа тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ.
Тој беше презадоволен од играта на својот тим, но не и однесувањето на дел од нив, посебно на Урош Трифуновиќ, кој по една тројка во последната четвртина ја провоцираше клупата на Звезда и за малку ќе влезеше во физичка пресметка со тренерот на ривалите, Дејан Радоњиќ, за на крајот да заработи исклучување.
„Јас своите играчи ги учам да се однесуваат чесно, без разлика на провокациите. Јас му се извинив на Дејан Раоњиќ, и ги повикав Трифуновиќ и капитенот Загорац да му се извинат“, изјави Обрадовиќ.
На крајот, двајцата го чекаа Радоњиќ да му се извинат по наредба на тренерот, кој им кажа дека ќе разговараат по прес-конференцијата.