Top Sport

Обрадовиќ: Немам ниту најмала причина да не верувам дека ќе го елиминираме Реал Мадрид

Кошаркарите на Реал Мадрид го победија Партизан во Белград со 80:82 во третиот четврт-финален натпревар од Евролигата, намалувајќи ја негативата во серијата на 1:2.
Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, на прес-конференцијата го коментираше натпреварот најавувајќи дека има максимална доверба во своите кошаркари за продолжението од серијата.

„Немам причина да не продолжам да верувам во моите играчи и во елиминација на Реал Мадрид. Тие ќе имаат ветар во грб од нашите неверојатни навивачи. Би сакал да се пласираме на фајнал-фор, ова е навистина убава слика што ја испраќаме од нашите натпревари. Ако ги поправиме работите во кои не бевме добри на овој дуел, верувам дека имаме шанса да победиме на следниот и да одиме на завршниот турнир“, изјави Обрадовиќ.

Тренерот на Партизан го коментираше и настапот на Данте Егзум, кој беше фрлен на земја од играчот на Реал, Гершон Јабуселе, во вториот натпревар кога се случи жесток инцидент. Шпанските медиуми го нападнаа дека тој всушност воопшто не бил повреден.

„Знаете што… ќе го замолам Момо Јаковљевиќ (доктор на Партизан) да покаже како изгледаше неговиот прст на ногата во Мадрид, за да го видат сите. Се разбира, тој не е 100 отсто подготвен, туку лекарите работеа дење и ноќе за да го оспособат. Данте имаше голема желба да игра и му честитам за тоа“, истакна Обрадовиќ.

Scroll to Top