Top Sport

Деонтеј Вајлдер уапсен, си носел пиштол во автомобилот

Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија Деонтеј Вајлдер е уапсен во Лос Анџелес во раните утрински часови во вторникот.

Полицискиот оддел на Лос Анџелес потврди дека Вајлдер бил уапсен во 1.15 часот наутро и бил приведен. Сепак, 37-годишниот боксер бил пуштен со кауција нешто по 6.30 часот.
Според извештајот на „TMZ Sports“, но непотврден од полицијата, автомобилот на Вајлдер бил запрен од полицајците како дел од рутинска сообраќајна проверка, а во возилото бил пронајден пиштол.

Вајлдер објави кратка изјава на Твитер.

„Попрво сакам да сум безбеден, отколку да жалам. Крај“.

Scroll to Top