Top Sport

Обрадовиќ: Овој тим нема карактер

Најтрофејниот тренер во Евролигата, Жељко Обрадовиќ, ги критикувал своите кошаркари по поразот од Барселона 89:63. Фенербахче на Обрадовиќ во првите девет кола, во Евролигата, има само две победи.

Турскиот тим игра лошо од самиот почеток на сезоната, а Обрадовиќ по поразот во „Блауграна“ повторно говорел за своите кошаркари.

„Не е важно колу е долга сезоната доколку продолжиме да играме вака…Овој тим нема карактер. Така јас од клупата ги гледам работите. Претсезоната не ни се допадна бидејќи речиси сите играчи беа со своите репрезентации. Ловерњ и Весели се на 20 отсто од своите можности, тоа е голем проблем, но јас инсистирам на некои други работи. Повредите се само оправдување, тоа не го сакам. Минатата сезона игравме без најважните играчи, тогаш покажувавме карактер“, рекол Обрадовиќ.

Фенер доживеа „катастрофа“ во Барселона, Обрадовиќ ги „молеше“ своите играчи (видео)

Scroll to Top