Top Sport

Србите ја елиминираа Франција од Девис купот

Србија и се приклучи на Шпанија, Канада, Австралија кои веќе изборија пласман во нокаут-фазата во Девис купот.

Србија предводена од Новак Ѓоковиќ го освои првото место во А-групата на турнирот што се игра во Мадрид.

Откако вчера ја победија Јапонија со 3-0, Србите денес против Франција ги добија двата дуели во сингл. Со овој пораз Франција ги заврши натпреварите, исто како и Јапонија.

Првиот поен на Србија и го донесе Филип Крајиновиќ кој славеше против Жо-Вилфред Цонга со 7:5, 7:6.

Вториот поен и победата на Србија и ја донесе Новак Ѓоковиќ со победата над Беноа Пер. Ѓоковиќ двата сета ги доби со 6:3.

Без натпреварувачко значење е мечот во двојки.

Scroll to Top