Одвратни постови биле објавени на „Твитер“ профилот на НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо. Милвоки Бакс објавија дека Адетокумбо бил жртва на хакерски напад и дека покрај на неговиот профил на оваа социјална мрежа хакерите влегле и во неговата електронска пошта и банкарската сметка.
— Giannis Antetokounmpo (@Giannis_An34) May 8, 2020
Веднаш откако било откриено дека хакери го нападнале „Твитер“ профилот на Адетокумбо истиот бил исклучен, меѓутоа претходно веќе биле постирани ужасни коментари насочени кон Леброн Џејмс и починатиот Коби Брајант.
Милвоки Бакс објавија дека истрагата за овој случај е во тек, а Адетокумбо веднаш упатил извинување, особено до семејствата на кошаркарите кои биле цел на навреди на неговиот профил.