Поранешниот ас на Панатинаикос и Олимпијакос, Василис Спанулис е нов селектор на грчката репрезентација.
Спанулис потпиша двегодишна соработка со Кошаркарскиот сојуз на Грција.
На функцијата тој ќе го замени Димитрис Итудис, кој поднесе оставка по неуспехот на репрезентацијата на неодамнешното Светско првенство.
За Спанулис селекторската функција ќе биде само втора самостојна работа во тренерската кариера, во која досега раководеше само со Перистери – и тоа една година.
Тој го предводеше Перистери тим до финалето на локалниот куп и третото место во лигата.
Пред тоа се стекна со тренерско искуство на турнирите во Евролигата за играчи до 18 години.
Неговата прва задача во новата работа ќе биде да ги однесе Грците на Олимписките игри во Париз преку квалификацискиот турнир, кој според некои навестувања би можел да се одржи во Грција.