Кошаркарите на Олимпијакос дојдоа до првата победа во плејоф серијата против Монако во Евролигата, откако славеа 71:54. Гостите почнаа добро и водеа со 15:8 по првите десет минути, но до крајот на натпреварот немаа решение за одбраната на тимот од Пиреја.
Олимпијакос брзо направија двоцифрена разлика, која Монако не успеа да ја загрози во текот на мечот.
Кај победникот, Мекисик и Принтезис постигнаа по 12 поени.