Top Sport

Олимпијакос победнички на гостувањето кај Жалгирис

Олимпијакос се врати на патот на победите во Евролигата. Грчкиот тим го доби гостувањето кај Жалгирис со 84:73. Литванците кои во последните неколку недели ги победија Реал Мадрид и Барселона не се предадоа лесно и останаа рамноправни по првите 30 минути игра, но во последната четвртина сепак паднаа пред налетот на „црвено-белите“.

Костас Паопаниколау со 18 поени и пет скока го предводеше Олимпијакос до победата, а Александар Везенков мечот го заврши со 16 поени, четири скока и една асистенција.

Олимпијакос останува на четвртото место на табелата во Евролигата со ефект од 17 победи и 10 порази. Жалгирис е последнопласиран со биланс од 7 успеси и 21 пораз.

Scroll to Top