Top Sport

Олимпијакос покажа сила на Баерн

Олимпијакос се врати на првото место на евролигашката табела, откако ги декласираа Баерн Минхен со 102:74 во 28. коло во Евролигата.

Тимот на Јоргос Барцокас доминираа од почеток до крај на мечот, со посебно доминантна игра во првата и во последната чтвртина од мечот, предводени од Везенков со 18 поени, 4 скока и 3 асистенции.

Шек Меккисик додаде 15 поени и 3 асистенции, Ларенцакис имаше 14 поени, а Вокап 13 поени за доминантниот тим. Кај Баерн пак, Бонга имаше 16 поени, 5 скока и 4 асистенции.

ЕВРОЛИГА, 28. КОЛО
Алба Берлин – Виртус Болоња 74:96 (14:22, 19:27, 26:28, 15:19)
Жалгирис – Асвел Лион 85:67 (16:22, 31:15, 18:13, 20:17)
Олимпијакос – Баерн Минхен 102:74 (26:12, 29:23, 26:30, 21:9)
Олимпија Милано – Партизан 76:62 (13:19, 17:10, 19:17, 27:16)
Реал Мадрид – Валенсија 95:91 (24:20, 25:20, 22:25, 24:26)

Scroll to Top