Top Sport

Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година

Трофејниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо, на крајот од претходната сезона доживеа срцев удар, но за среќа неговата состојба брзо се стабилизира и по еден ден беше пуштен од болница. Неговата рехабилитација се одвива според планот, но 54-годишниот Баскиец се уште нема да се врати во „натпреварувачкиот ритам“.

Реал во во плеј-офот во АЦБ лигата го предводеше првиот помошник на Ласо, Хесус „Чус“ Матео. На крајот Реал ја освои титулата во Шпанија. „Кралскиот клуб“, во финалето на плеј-офот го совлада најголемиот ривал Барселона со 3-1 во победи.

Како што пренесува шпанска „Марка“, Реал е подготвен да му ја плати на Ласо последната година од договорот, иако тој нема да го води клубот и дека тимот има намера да ја продолжи соработката со тренерот, иако неговото здравје е приоритет.

Поради ова, имаше информации дека Ласо може да ја пропушти наредната сезона за да ги слуша советите на лекарот и да се одмори.

Реал не сака ништо да ризикува, а многумина се сеќаваат на ситуацијата од 1991 година кога поради срцев удар што го доживеа за време на финалето на „Купот на Радивој Кораќ“, почина тренерот на оваа екипа Игнасио Пинедо.

Ласо е на кормилото на Реал Мадрид од 2011 година, а претходно беше тренер на Кастељо, Памеса, Кантаприја и Гипускоа. Со Реал е двократен освојувач на Евролигата.

Scroll to Top