Top Sport

„Фараоните“ ја оправдаа фаворитската улога – Македонија ќе се бори за бронза на МИ

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во финалето на Медитеранските игри. Египет, во полуфиналето, ја оправда фаворитската улога и ја совлада Македонија со 34:20 (16:10).

Подмладената македонска репрезентација немаше шанси против Египет, кој ги искористи Медитеранските игри како подготвка за Африканскиот куп.

За бронзениот медал Македонија ќе игра со поразениот од второто полуфинале, во кое ќе играат Шпанија и Србија.

Фото/ facebook.com/rfmofficial

Scroll to Top