Top Sport

Пајтон Вотсон ги напушти Денвер Нагетс

Пејтон Вотсон повеќе не е играч на Денвер Нагетс.

Како што известува Шамс Чаранија, челниците на Денвер Нагетс, Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Клиперс постигнаа договор и Пејтон Вотсон сега е нов член на Кавс.

Пејтон ќе потпише четиригодишен договор со Кливленд вреден 88 милиони долари, последната година од договорот е опција која ја активира кошаркарот. Минатата сезона Вотсон бележеше 14,6 поени и пет скокови по натпревар.

Денвер Нагетс добија незаштитен избор од првата рунда во 2031 година од Кливленд Кавалирс, како и избор од втората рунда во 2032 година од Сакраменто Кингс.

Интересно е што тие не добија ниту еден играч. Макс Страс оди во Лос Анџелес Клиперс, а како дел од овој договор, Кавс го испраќаат Трео Мен и избор од втората рунда од ЛА Клиперс во Вашингтон Визардс во замена за Камерон Витмор.

Џулијан Рис од Вашингтон доаѓа во Денвер Нагетс, но неговиот двонасочен договор ќе биде неважечки бидејќи тимот од Колорадо ќе го отпушти.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');