Top Sport

Панатинаикос ги победи „кралевите“, Макаби убедлив

Панатинаикос му го нанесе на Реал Мадрид третиот последовен пораз откако во драматична разврска го победи со 87:86. Папајанис го предводеше грчкиот тим со дабл-дабл ефект од 18 поени и 10 скока, додека Ертел беше најефикасен кај гостите со 18 поени и четири скока.

Макаби Тел Авив со 94:73 го декласира АСВЕЛ. Анте Жижиќ беше лидерот на домаќините со 24 поени и пет скока.

Монако оствари триумф на гости кај Милано со 63:72. Џејмс ги предводеше гостите до триумф со 19 поени и осум асистенции.

Scroll to Top