Панатинаикос со писмо до директорот на Евролигата, Жорти Бертомеу потврдија дека ќе го напуштат натпреварувањето барајќи брзо реализирање на прекинот на 10-годишниот договор, потпишан во ноември 2015 година.
Писмото е потпишано од претседателот на клубот, Манос Пападопулос.
„Драг г. Бартоему, како што сте свесни, последните два месеци Панатинаикос комуницира со вас за прекинување на договорот за лиценциран клуб со Евролигата, барајќи ова да се заклучи што е можно побргу. Вашиот одговор дека такви вести сериозно ќе наштетат на преговорите на Евролигата со спонзорите, нашиот клуб во знак да добра волја го направи тоа дискретно. Меѓутоа, сега, откако помина разумно време и нема одговор на нашите разумни и легитимни барања, мораме да ја информираме јавноста. Присуството на нашиот клуб во натпреварувањето не се покажа добро со нас, така што пишано бараме да се трансферираат лиценцата и акциите на клубот“, се вели во писмото.
BREAKING: Panathinaikos officially expresses its intention to leave EuroLeague.https://t.co/cSY07NvJBp
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) June 11, 2020