Top Sport

Панатинаикос убедлив со ЦСКА, Будуќност се „загуби“ во Минхен (видео)

Панатинаикос му го нанесе четвртиот пораз оваа сезона на ЦСКА Москва, триумфирајќи со 98:84 во Атина. Гостите имаа предност од +7 (26:19) во првата четвртина, по што следуваше фантастична низа на ПАО кои ја добија втората четвртина со 36:18.

Јоанис Папапетрус имаше 17 поени за Панатинаикос, додека за ЦСКА најефикасен беше Клајбурн со 24 поени.

Будуќност пак, го запиша четвртиот пораз во низа, откако се „загуби“ во финишот на натпреварот и дозволи Баерн Минхен да слави со 93:88. Црногорскиот клуб имаше фантастично отварање на мечот и во средината на втората четвртина и предност од 17 поени, која се „стопи“ до полувремето (49:38).

Баерн во последната четвртина го презеде водството и со одлична партија стигна до победата. Новото засилување на Будуќност, Норис Кол имаше 27 поени, додека Дерик Вилијамс беше најдобар кај германскиот тим со 21 поен.

ЕВРОЛИГА, 15. КОЛО

Фенербахче – Реал Мадрид 65:63 (22:12, 10:20, 16:12, 17:19)

Панатинаикос – ЦСКА Москва 98:84 (19:26, 36:18, 17:18, 24:22)

Баерн Минхен – Будуќност 93:88 (14:21, 24:28, 27:21, 28:18)

Гран Канарија – Жалгирис Каунас 73:66 (20:17, 16:9, 21:24, 16:16)

Фото: ЕПА

Фенер ја продолжи „жешката“ серија и во драматичен финиш го урна Реал! (видео)

Scroll to Top