Панатинаикос додека го чека новиот тренер, Американецот Рик Питино, доживеа незгоден домашен пораз од Армани Милано од 83:86, продолжувајќи ја лошата низа во Евролигата.
Ова беше втор пораз во низа и четврти во последните пет меча за клубот од Атина, со што тие дефинитивно ја губат трката за пласман на Фајнал фор турнирот.
Реал Мадрид пак, уште еднаш покажа дека е незапирлив оваа сезона, откако стигна до тешка 82:72 победа на гостувањето кај Баерн Минхен. Реал почна силно и направи двоцифрена предност на крајот на првата третина (27:16), за на полувреме да имаат +15.
Баерн се врати во последните 10 минути од мечот и ја намали разликата на шест поени, но „кралскиот клуб“ повторно стигна до победа. Рандолп имаше 22 поени за Реал, а Серхио Љуљ 19 поени и шест асистенции, додека кај Баерн најефикасен беше Стефан Јовиќ со 11 поени.
Фото: ЕПА
ЕВРОЛИГА, 13. КОЛО
Химки – Дарушафака 85:84 (30:18, 15:25, 24:14, 16:27)
Жалгирис Каунас – Макаби Тел Авив 80:73 (16:16, 23:17, 20:20, 21:20)
Баерн Минхен – Реал Мадрид 72:82 (16:27, 15:19, 28:19, 13:17)
Панатинаикос – Милано 83:86 (23:21, 17:26, 16:17, 27:22)