Капитенот на Партизан, Кевин Пантер ќе остуствува најмалку две недели поради повреда. Пантер се повреди синоќа во дербито против Црвена звезда.
Тренерот Жељко Обрадовиќ по победата против Црвена звезда (88:86) изјави дека Пантер има проблем со двете нозе и дека по прегледот ќе го утврди степенот на повредата.
Утрото по дербито клубот го објави лекарскиот извештај.
„За време на синоќешното дерби капитенот на КК Партизан заработи повреда која ќе го оддалечи од терените во периодот што следува. Пантер се здоби со повреда на задната ложа, додека на другата нога доби силен удар во коленото. Природата на повредата е таква што капитенот, според првите прогнози, ќе биде надвор од тимот најмалку две недели“, објавији клубот.
Црно-белите нема да можат да сметаат на капитенот на претстојното дерби против Црвена Звезда кое се игра в понеделник во рамките на петтото коло од АБА лигата.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ и на овој натпревар ќе бидат домаќини, а натпреварот започнува во 20 часот.
Foto/ Starsport