Top Sport

Партизан го возвраќа ударот, екс-играч на Звезда станува „црно-бел“

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Немања Дангубиќ (27) наскоро ќе потпише двегодишен договор со екипата на Партизан.

Овој трансфер ќе предизвика нов потрес во српската кошарка. Играчот кој со „црвено-белите“ освои 3 шампионски прстени во АБА лигата и 4 титули шампион на Србија, реши да го облече „црно-белиот“ дрес на лутиот градски ривал.

Информациите се дека договорот е постигнат, само треба да се официјализира.

Дангубиќ кариерата ја почна во Хемофарм, па играше и за Мега, но афирмацијата ја стекна во Звезда.

Потоа кариерата ја продолжи во Баерн од Минхен, а минатата сезона ја помина во шпански Естудијантес.

Со ова Партизан го возвраќа ударот откако неодамна Кори Волден прејде во редовите на „црвено-белите“.

Scroll to Top