Top Sport

Партизан ја доби „мајсторката“ со Црвена Звезда и по десет години повторно е шампион во АБА лигата

Кошаркарите на Партизан ја победија Црвена Звезда со 96:85 во петтиот решавачки меч од финалната серија во АБА – лигата и по цела деценија повторно се искачија на тронот. Избраниците на Жељко Обрадовиќ тргнаа фуриозно на стартот, обезбедија 20 поени предност на полувремето, па иако ривалот се закани и намали до пет негатива во последниот период, сепак, Партизан на крајот доминантно славеше триумф.

Капитенот Кевин Пантер одигра одличен натпревар за Партизан, беше незадржлив за одбраната на Црвена Звезда постигнувајќи 32 поени. Зек Ледеј постигна 15 поени.

Кај Црвена Звезда најрасположен поентерски беше Огњен Добриќ со 18 постигнати поени. Бен Бентил уфрли 12 кошеви.

Навивачите на Партизан урнаа нов рекорд на посетеност во АБА лигата. На овој натпревар беа присутни неверојатни 22.198 гледачи.

Scroll to Top