Top Sport

Партизан подобар од европскиот шампион, Басконија го победи Фенербахче

Кошаркарите на Партизан успеаја да го победат европскиот првак Анадолу Ефес со 82:79 во драматичен натпревар во Белград и конечно го скршија мразот во Евролигата. По пет последовни порази, „црно-белите“ успеаја да слават во најквалитетното европско натпреварување.

Пресудна беше тројката на Нанали во финишот на мечот.

Егзум, Нанали и Пантер завршија со по 18 поени кај Партизан, додека Беабу кај Ефес уфрли 30 поени.

Фенербахче на домашен терен загуби од Басконија со 70:76. Хауард со 15 и Анри со 13 поени беа најдобри кај шпанскиот тим, додека кај турскиот тим, Гудуриќ даде 14 поени.

Барселона го победи Панатинаикос со 74:68. Весели со 15 и Миротиќ со 14 поени беа лидери кај шпанскиот тим.

Виртус Болоња го победи Макаби Тел Авив со 78:73, а Монако беше подобар од Алба Берлин со 92:89.

Scroll to Top