Top Sport

Партизан во битка со Фенербахче и со Баерн Минхен за Ненад Димитријевиќ

Македонскиот кошаркарки репрезентативец Ненад Димитријевиќ е една од приоритетните цели на новиот шампион на АБА лигата, тимот на Партизан, за следната сезона. „Црно-белите“ ќе учествуваат во Евролигата, а тренерот Жељко Обрадовиќ го гледа Ненад Димитријевиќ како едно од репенијата за плејмејкерската позиција.

Сепак, српските медиуми истакнуваат дека Партизан ќе има жестока конкуренција за потписот на Димитријевиќ во Фенербахче и во Баерн Минхен, кои исто така сакаат да го доведат македонскиот репрезентативец.

Ненад Димитријевиќ имаше одлична сезона во дресот на Уникс Казан каде го привлече вниманието на цела Европа, беше прогласен за МВП играч на ВТБ лигата.

Scroll to Top