Легендарниот американски тренер Рик Питино ќе биде новиот предводник на кошаркарите на Панаинаикос, пренесуваа медиумите во Грција, повикуајќи се на информацијата што ја објави познатиот новинар Адријан Војнаровски. Питоно ќе го наследи Шпанецот Чави Пасквал.
По убедливиот пораз од Реал во Мадрид 89:68, во рамките на Евролигата, сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, ги казнил стручниот штаб и играчите, со најава дека ќе има промени во тимот. Како и секогаш кога резултатите не се добри цехот прв го плаќа тренерот.
A formal agreement is expected soon, sources told ESPN. Pitino is expected to travel to Athens and coach his first game shortly after Christmas. Pitino's goal has remained to return to the NBA, and this deal's term will be for the rest of the season. https://t.co/vkxwsMK9tS
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) December 20, 2018
Питино (66), во НБА лигата бил тренер на Њујорк Никс (1987-1989) и Бостон Селтикс (1997-2001), но името го изгради во НЦАА лигата како тренер на Кентаки, Бостон и Луивил.
Тој е легенда во универзитетската кошарка бидејќи е единствениот тренер што успеал да освои НЦАА титули со два различни тима, со Кентаки во 1996 и Луивил во 2013 година.
Панатинаикос, вечерва во 14.коло, во Евролигата, ќе го пречека Армани Милано, а според медиумите на овој натпревар екипата ќе ја предводи досегашниот асистент на Пасквал, Јоргос Воворас.