Top Sport

Пеликанс ќе бираат први на драфтот 2019

Њу Орлеанс Пеликанс имаа најмногу среќа и добија прави први да бираат на драфтот оваа година. Главен кандидат да биде прв пик е Зајон Вилијамсон кој имаше сјајна сезона на универзитетот Дјук.

Овој играч, Вилијамсон, сезонава го привлече вниманието на НБА тимовите. Таков интерес за еден играч не е е забележан уште од 2003 година кога на драфтот се појави Леброн Џејмс.

На драфтот во 2019 година вториот пик го имаат Мемфис Гризлис, а третиот Њујорк Никс франшиза што го имаше најлошиот резултат во лигата.

Инаку прв пат во историјата лотаријата трите најслаби тима имаа по 14 отсто од шансите да го добијат првиот пик. До лани најслабиот тим, во случајов Њујорк Никс, имаше 25 отсто.

Од четвртата позиција ќе бираат ЛА Клиперс, од петата Кливленд Кавалирс, од шестата Финикс Санс, седмата Чикаго Булс…

Scroll to Top