Top Sport

Пелистер и МЗТ Скопје со предност во плејофот

Актуелниот шампион МЗТ Скопје стигна до 77:52 победа над ТФТ Скопје за водство во полуфиналната серија од плејофот, а во Битола, Пелистер со 93:84 го совладаа Еуро Никел за голема предност.

„Металците“ не дозволија ново изненадување како тоа што им го приредија ТФТ во финалето на Купот на Македонија, поведувајќи со 21:17 по првата четвртина, предност која ја оддржаа во текот на целиот меч. Немања Милошевиќ со 13 поени беше најефикасен за МЗТ, Дејвис имаше 12, додека кај ТФТ, Хортон имаше 13 поени. Вториот меч од полуфиналето е во недела.

Пелистер пак, имаше убедлива предност од над 20 поени разлика против минатогодишниот вицешампион, пред во второто полувреме гостите да ја вратат рамнотежата. Малешевиќ со 27 и Кесар со 24 беа најефикасни за Пелистер.

Фото: КФМ

Scroll to Top