Кошаркарите на Пелистер од последното осмо место влегуваат во плеј-офот во АБА2-лигата и во првата рунда ќе имаат пресметка со словенечкиот Хелиос, најдобриот тим сезонава кој ќе биде и домаќин на завршниот турнир.
По вчерашниот пораз од Подгорица, Пелистер како шанса за избегнување на најтешкиот ривал чекаше пораз на Сутјеска од Слога, но тоа не се случи.
Завршниот турнир од АБА 2 лигата ќе се игра во Домжале во периодот помеѓу 12. и 16. април.