Македонскиот претставник Пелистер стигна до третата победа во АБА2-лига, откако на првиот меч од последниот турнир го совлада Осијек со 97:78 во дербито. Битолскиот тим имаше негатива по првиот период (19:24), но ја презеде предноста до полувремето, а потоа обезбеди и голема разлика.
Кесар и Малешевиќ постигнаа по 16 поени кај Пелистер, 13 имаше Николиќ, додека 10 поени уфрли Стајиќ.
Следен противник на Пелистер е Хелиос, а мечот се игра за два дена. Утре првиот дуел го игра МЗТ Скопје Аеродром.